На саемот „EICMA“ во Милано, Хонда ги претстави моделите со кои во 2013-та година ќе се обиде да го освои пазарот. Помеѓу новитетите се издвојуваа неколку модели, а најголемо внимание привлекоа машините со зафатнина од 500цц.
На саемот „EICMA“ во Милано Хонда ги претстави моделите со кои во 2013-та година ќе се обиде да го освои пазарот. Помеѓу новитетите се издвојуваа неколку модели, а најголемо внимание привлекоа машините со зафатнина од 500цц.
Новиот агрегат на Хонда кој се вградува во неколку модели (CB500F/FA, CB500X/XA, CBR500R/RA) е линијата која јапонската фабрика ја најави минатата година со претставувањето на новитетите NC700X и NC700S. За 2013-та Хонда ја намалува зафатнината на паралелниот твин мотор но моќноста изнесува 45кс, што е сосем доволно за намената на моторите. По габарит исти како нивните претходници, доаѓаат без стандарден АБС, обични наместо „upside-down“ вилушки и единечен наместо двоен диск напред, но цената е она што ќе ги убеди новајлиите во мото светот дека CB500 е вистинскиот мотор за нив.
{gallery}cb500eicma{/gallery}
Новите модели во салонот на Хонда во Скопје ќе пристигнат кон крајот на февруари/почетокот на март 2013, а цените за моделите со агрегати од 500цц се:
CB500F/FA, 5.490/5.990 EUR
CB500X/XA, 5.990/6.490 EUR
CBR500R/RA, 5.990/6.490 EUR
Уште еден од новитетите кои привлекоа внимание беше добро познатиот Goldwing во ново руво, наречен Goldwing Bagger.{gallery}baggereicma{/gallery}
Цената на овој модел (GL1800F6B Bagger) ќе биде 22.990 EUR
На саемот го забележавме и новиот скутер со спортски дух од програмата на Хонда, NCS50R Sporty кој ќе се продава по цена од 2.290 EUR
Цените на останатите модели за 2013-та се:
CRF250L, 4.990 EUR
CRF250M, 5.490 EUR
CB1100A, 11.990 EUR
CBR600RR, 11.990 EUR
CBR600RRA, 12.990 EUR
SH125 idle stop, 2.990 EUR
SH150 idle stop, 2.990 EUR
SH300, 4.890 EUR