Специјалистите за превозни средства на електричен погон, Segway Ninebot, за време на мото шоуто во Пекинг преставија пар на паметни скутери, eScooter и eMoped.

eScooter може да развие брзина од 99 километри на час а со едно полнење на батерија можете да поминете 200 километри. Од Segway тврдат дека скутерот за само 3 секунди може да развие брзина од 40 км/ч.

Поради традиционалниот дизајн, под седиштето има доволно простор за да ја ставите вашата кацига. eScooter исто така е опремен и со диск сопирачки, напред и позади, LED светла како и интерактивна табла.

Segway Ninebot txt 1 24 12

eMoped пак е наменет за мала релација и има максимална брзина од 25 км/ч. Батеријата лесно може да се извади а со едно полнење можете да поминете 85 километри. Овој модел има дигитална табла како и диск сопирачки но само на предното тркало.

И двата модели се достапни во неверојатни 100,000 комбинации на бои а можете да го приклучите и вашиот телефон.

Иднината на Segway Ninebot

Segway Ninebot txt 2 24 12

Покрај eScooter и eMoped, компанијата престави уште два други интересни концепти. Првиот е скутер кој ја содржи технологијата на Segway за само балансирање. Другиот е електричен спортски мотоцикл наречен Apex, кој може да достигне брзина од 201 км/ч а за 2.9 секунди може да развие брзина од 60 км/ч. Иако засега не може да ги засени машините на Lightning или пак на Energica, тој би бил добра замена за бензинските 125.

Засега не е позната цената на eScooter и eMoped ниту пак кога тие ќе се најдат во продажба.

Back To Top