Се поголеми се шансите Suzuki Hayabusa да добие замена која ќе биде во согласност со Euro 5 правилата до 2021 година.

Како што се наближува крајот на годината така се повеќе се појавуваат нови гласини поврзани со мотоциклите. Една таква најава е за нова Hayabusa која ќе има мотор со зафатнина од 1440cc и ќе биде во согласност со Euro 5 стандардот.

Од BikeSocial велат дека дошле до скици кои всушност се патенти од новиот мотор на мотоциклот. Покрај ова, велат дека имат информации и во однос на потенцијалните спецификации но и дизајн на мотоциклот.

Suzuki Hayabusa txt 1 26 12

Најинтересниот новитет е тврдењето дека новата машина ќе има целосно нов мотор кој ќе има зафатнина од 1440cc, што е за 100cc повеќе отколку кај претходната верзија.

Поголемиот капацитет е главното оружје на индустријата во борбата со се построгите регулации. Друг новитет на кај оваа машина е тоа дека рамката е потенка и полесна. Самата позиција на моторот прави тој да изгледа многу помал отколку неговиот претходник.

Suzuki Hayabusa txt 2 26 12

Еден показател кој не наведува на тоа дека патентите се оригинални е вклучувањето на новиот контролен систем за испарување на гасовите. Канистерот (означен со број 47 на сликата) кој се наоѓа на левата страна на рамката, го спречува ослободувањето на гасовите директно во атмосферата. Овој систем сега е клуч за една машина да може да биде во согласност со Euro 5 правилата.

Suzuki Hayabusa txt 3 26 12

Како и кај повеќето вакви скици, немаме точна престава како ќе изгледа мотоциклот. Сепак има едно нешто кое е слично со старата машина а тоа е двојниот издув.

Back To Top