Новиот возач на фабричкиот тим на Yamaha, Фабио Куартараро, вели дека повторно е во врвна форма откако кон крајот на минатата година се разболе со коронавирусот.

Младиот Французин, кој победи на три трки минатата година со тимот на Petronas, на Instagram објави фотографија под која напиша дека ги надмина проблемите кои му ги предизвика Ковид 19.

SLIKA

Валентино Роси, возачот кој Куартараро го замени во Monster Yamaha, исто така се разболе со коронавирусот. Поради тоа, Италијанецот мораше да ги пропушти двете трки во Арагон минатата сезона. Оваа година, Роси ќе вози за Petronas Yamaha.

На 15-ти февруари, Куартараро ќе му се приклучи на Маверик Вињалес на онлајн презентацијата на најновиот мотоцикл на Yamaha. Веднаш потоа ќе го има и деби настапот на првиот официјален MotoGP тест кој ќе се оддржи во Катар.

Доколку не настанат никакви проблеми поради пандемијата, набрзо после тоа се очекува и старт на сезоната. Најпрво ќе се возат две трки едноподруго во Лосаил а поради одложување на трките во Аргентина и Остин, следна на календарот е трката во Лосаил.

Back To Top