После 6 или 7 трки, Валентино Роси ќе одлучи дали ќе продолжи во MotoGP. Дојде време за одлука и дали VR46 ќе стане дел од MotoGP.

Валентино Роси и VR46 треба да донесат голема одлука во првите неколку трки од сезоната. Првата се однесува на иднината на Роси во серијата откако Италијанецот потпиша едногодишен договор со сателитскиот тим на Petronas.

„Многу ќе зависи од тоа какви ќе бидат трките. После 6 или 7 трки ќе видиме дали Роси се уште е среќен но и компетитивен. Во тој момент ќе ја донесеме конечната одлука,“ изјави директорот на VR46 Riders Academy и Sky Racing Team VR46, Алесио Салучи.

Втората голема одлука се однесува на тоа дали VR46 ќе одлучи да стане дел од премиерната класа и да има сопствен проект за сезоната 2022. Лука Марини е третиот возач на VR46 кој станува дел од серијата. Пред него тоа го направија и Франко Морбидели и Франческо Бањаиа. Возачите на тимот кои се дел од Moto2 серијата, Марко Безеки и Целестино Виети исто така планираат да преминат во повисоката класа.

 DSC3566 copy copy copy copy copy copy copy

„Возачите кои се дел од VR46 напредуваат многу побрзо од очекуваното. Мислам дека е време да почнеме да размислуваме за тим кој ќе биде дел од MotoGP“ , потврди Салучи.

„Но тој пат е долг и треба да се размисли и за економската точка. Пред нас се важни месеци. Не знаеме со кој мотоцикл би настапиле но нашето срце е со Yamaha.“

Договорот на Yamaha со Petronas истекува по завршувањето на сезоната но двете страни се чини дека се сигурни дека таа ќе биде продолжена.

VR46 би можел да постигне договор со Suzuki со оглед на тоа што шампионскиот тим бара екипа која би можела да биде нивни сателитски тим. И екипата на Aprilia во моментов бара ваков партнер.

Роси, кој има девет Светски титули, последен пат победи во 2017 година на трката која се возеше во Асен.

Ако VR46 одлучи да го напушти проектот во Moto3 и да се фокусира на Moto2 и на Марини, доколку „Докторот“ одлучи да вози и во иднина, тогаш тој би можел да биде еден од возачите на тимот.

Back To Top