Suzuki креираше посебен комитет кој треба да ги преземе должностите кои ги имаше Давиде Бривио.

Шиничо Сахара, лидерот на MotoGP проектот на Suzuki, откри дека тимот формирал посебен комитет составен од седум члена со цел да се пополни празнината која настана откако од тимот си замина тимскиот менаџер Давиде Бривио.

Засега се уште не е познато колку долго ќе работи комитетот но Сахара вели досега добро им оди работата. Овој комитет исто така на тимот ќе му обезбеди и доволно време за да најдат соодветна замена за Бривио.

Сахара потврди и дека најдобра опција би било доколку можат да промовираат некој внатре од екипата, но доколку е неопходно, замената за Бривио ќе се бара и надвор од екипата.

Бривио, кој беше дел од Yamaha кога Валентино Роси ја освои титулата, стана тимски менаџер на Suzuki во 2015 година. Но два месеци откако Жоан Мир ја освои титулата, тој го напушти тимот за да ја преземе директорската позиција во F1 тимот на Alpine.

 DSC3683 copy copy

„Креиравме посебен комитет кој го сочинуваат клучните луѓе во тимот“, објасни Сахара. „Тие ќе бидат клучни за размена на информации а за вакво нешто се одлучивме откако си замина Давиде.“

„Во комитетот има седум позиции, вклучувајќи ме мене и Кен Каваучи кој е технички менаџер. Не знам кој ќе биде следен тимски менаџер но ова е добра можност за сите да се запознаат со обврските кои ги носи оваа позиција. “

„Сите кои се дел од тимот добро си ја знаат работата. Затоа не треба да се изненадите доколку некој од нив во иднина стане тимски менаџер. Но во секој случај, тоа нема да бидам јас.“

Сахара додава: „Работата на тимскиот менаџер воопшто не е едноставна. Давиде беше одговорен за неколку работи. Во моментов немаме никаков проблем, бидејќи како што кажав, дел од комитетот се добро обучени луѓе.“

„Само што го започнавме новиот систем и засега добро се одвиваат работите. Се е под контрола. Дури и мислам дека сега тимот е пообединет од претходно.“

„Претходно до мене стигнуваа различни мислења но сега комуникацијата е подиректна. Затоа велам дека сега сме пообединети и заедно се обидуваме да се справиме со моменталната ситуација.“

„Се уште не сме извозеле една трка за да ги видиме резултатите на овој комитет. Ќе почекаме пред да ја донесеме конечната одлука за тоа дали да ангажираме лице однадвор. Во моментов, не би можел да кажам кој би одговарал на оваа позиција.“

„Најдобра опција би било да промовираме некој од внатре. Но ако го направиме тоа, тогаш ќе треба да најдеме нов човек кој ќе ја пополни другата позиција. Во текот на сезоната ќе одлучиме.“

Комитетот на Suzuki се состои од:

Шиничи Сахара: Лидер на проектот

Кен Каваучи: Технички менаџер

Френки Карчеди: Шеф на тимот на Жоан Мир

Хозе Мануел Казо: Шеф на тимот на Алекс Ринс

Алберто Гомес: Менаџер за Маркетинг и Комуникации

Матиа Дота: Координатор на тимот

Роберто Бривио: Координатор на тимот

Back To Top