Возачот на Honda, Кен Рокзен, го исполни ветувањето дека ќе има успешен старт во AMA Суперкрос шампионатот откако оствари доминантна победа на првата трка која се оддржа во Анахајм.

Возачот на Honda, Кен Рокзен, го исполни ветувањето дека ќе има успешен старт во AMA Суперкрос шампионатот откако оствари доминантна победа на првата трка која се оддржа во Анахајм.

Германецот доминираше во текот на целата трка и на крајот успеа да заврши пред двоецот на Red Bull KTM, актуелниот шампион Рајан Дунгеј и французинот Марвин Мусквин.

rockzen 17

Рокзен, кој премина во тимот на Honda оваа сезона, најави дека очекува да има добар настап уште за време на пресконференцијата која се оддржа во четвртокот.

„Како што велев во текот на целата недела, фокусиран сум на сезоната и сум во одлична форма. Одлично се забавував но трката беше напорна. Мораме да останеме фокусирани.“

Сепак, актуелниот шампион беше релаксиран и покрај тоа што не успеа да го предизвика Рокзен. Данџи призна дека повеќе сака да има стабилен старт на сезоната.

„Кен возеше одлично. За мене добро е што се вратив на трките после повредата. Досега само тестиравме и со нетрпение чекавме да почне сезоната. Ова беше навстина голем предизвик. Имаше голема разлика меѓу првиот и вториот возач и со нетрпение чекам да ја намалам.“

Шампионатот продолжува следниот викенд кога ќе се оддржи трката во Петко Парк во Сан Диего.

Back To Top