Чудно е кога ќе дознаеш дека некоја планина за која никогаш не си слушнал е навистина позната. А самото спомнување на името на планината предизвикува возбуда кај сите љубители на автомобили и мотоцикли.

Признаваме, и ние пред некое дознавме за овој пат. А само што пристигнавме на подножјето на планината, знаевме дека не очекува нешто посебно. Веќе после шестиот свиок не ни се веруваше каде се наоѓаме. За жал, за време на последниот ден од месец Август 2010 година, на свиокот број 15 не изненади снегот и моравме веднаш да се спуштиме надолу без да ја видиме целата патека. Сепак, си ветивме дека некогаш повторно ќе се вратиме.

2018 MD Blog Grossglockner 16 0

Ни беа потребни осум години за повторно да дојдеме тука. Овој пат поминавме речиси една недела и имавме можност одблиску да се запознаеме со целата патека. И морам да признаам дека се заљубивме во неа.

Grossglockner се состои од 36 свиоци. Тоа е она што прво им останува во сеќавање на многумина. Но, постојат неколку помали свиоци кои оставија силен впечаток на нас. Оваа година, патеката се поправаше на неколку места, а брзината со која беа направени сите поправки беше неверојатна. Оваа пролет, неколку правци добија комплетно нова површина и сега се подготвени за сите возачи кои ќе пристигнат во текот на летото. Велосипедисти, мотоциклисти, мопеди, автомобили, се чини дека овој пат го привкелува секој возач. Сакаме да им се заблагодариме на архитектите и на сите оние кои се дел од изградбата и оддржувањето на овој прекрасен пат. Возете, уживајте, почитувајте го патот и повремено запрете и уживајте во неверојатниот поглед. Ова е дефинитивно е еден од најдобрите патишта во Европа.

На следниот линк можете да го погледнете целиот пат.

https://motorcycle-diaries.com/en/blog/grossglockner

Back To Top