Доколку само алкохолот ги правеше и луѓето побрзи...

Водка и мотоцикли. Вообичаено ова не е добра идеја. Но кога мотоциклот го конзумира алкохолот, тогаш имаме добитна комбинација.

Таков е случајот со Yamaha XS850 од 1980 која доби промени за да може да работи на рециклирана водка произведена од страна на компанијата Монтгомери со седиште во Монтана, САД.

Montgomery Distillery

За време на Bonneville Motorcycle Speed Trials, оваа машина успеа да постигне неверојатна брзина од 181 километар на час. Со ова беше урнат претходниот рекорд кој изнесуваше 157км/ч.

Мотоциклот е рачно изработен од  сопственикот на компанијата, Рајан Монтгомери, и е наречен Sudden Wisdom, по еден нивни производ.

Горивото е добиено со помош на рециклирање на работите кои вообичаено се фрлаат при целиот процес на производство на алкохол. По завршувањето беше добиен чист етанол. Тимот произведе речиси 40 литри кои подоцна беа искористени како гориво.

После поставувањето на рекордот, компанијата им се заблагодари на сите оние кои беа дел од целиот процес. „Не ни се верува но навистина успеавме. Се уште не е ништо официјално, но го урнавме претходниот рекорд.“

Знаете, воопшто не е лошо кога ќе возите со брзина од 181 км/ч на мотоцикл придвижуван со помош на Водка.

Back To Top