Занимливости

Моторчето од филмот „Dumb and Dumber“ можете да го најдете на „eBay“

Ако сте личност која е позната по тоа што носи сомнителни одлуки и на располагање имате десетици илјади долари, тогаш ова е вашиот среќен ден.

Следете нè на:

 

Во 2010 година, еден од двата модели на Aston Martin DB5 кои Шон Конери го возеше во популарниот филм „Goldfinger“, се продаде на аукција по цена од 4,6 милиони долари. Во 2011 година тркачкото одело кое го носеше Стив Меквин во 1971 година достигна цена од  984.000 долари. Истата година еден од шесте  DeLorean DMC-12 кои бе искористени во текот на снимањето на „Back to the Future“ на аукција се продаде по цена од 541.000 долари. Еден од автомобилите кои ги користеше Бетмен, а за кој се верува дека има мотор на Honda, и кој беше дел од филмот на Кристофер Нолан, во 2016 година се продаде по цена од 406.184 долари. Сувенирите од филмовите, а особено автомобилите може да достигнат висока цена, а понекогаш и најнеочекуваните работи може скапо да се продадат. Еве токму еден таков пример. Познатиот мотоцикл кој беше дел од класиката „Dumb and Dumber“ во моментов се продава на „eBay“.

s l1600 1

Иако не веруваме дека ќе достигне шестцифрена бројка, овој мини мотоцикл со кој се возеа Џим Кери и Џеф Даниелс веќе има цена од 34.000 долари. Таа цена е во овој момент, а до крајот на аукцијата остануваат уште пет дена. Според продавачот, мотоциклот е еден од двата модели кои беа искористени за време на снимањето на филмот и тој бил добиен директно од личност која била одговорна за координација на транспортот. И повторно, според продавачот, едниот од мотоциклите му бил поклонет нему, а вториот им бил даден на „Planet Hollywood“.

Откако го добил мотоциклот, сопственикот променил неколку делови меѓу кои и каблите кај гаста и сопирачките, чистачот на воздух како и цревото за бензин. Покрај ова, променето е и маслото на моторот. Новиот купувач исто така ќе ги добие и сите оригинални делови во случај да сака да го реставрира и да го доведе во првобитната состојба. За жал, мотоциклот има нова боја.

s l1600

Продажбата на скутерот со кој можете да поминете „70 милји со еден галон“ вклучува кацига, торба и актовка иста каква што имаше и во филмот. Покрај тоа ќе добиете и писмо со која се потврдува неговата автентичност како и неколку резервни делови меѓу кои и гуми, ланец и рачки. Мотоциклот се наоѓа во Хјустон и е во добра состојба. Продавачот вели дека доколку сакате тој ќе ви го испорача но тоа ќе биде на ваш трошок. За крај, десет проценти од вкупната цена ќе биде донирана на „Best Friends Animal Society“ која е најголемо засолниште за напуштени животни.

Почетната цена на скутерот беше 8.500 долари, а како што кажавме претходно, во моментов таа изнесува 34.000 долари. Доколку сакате и вие да се вклучите во аукцијата, тоа можете да го направите oвде. Аукцијата завршува на 18-ти февруари

Би можело да ве интересира

Piaggio ги најави новите MP3 модели меѓу кои се подобрените верзии на скутерите со зафатнина од 500cc како и целосно новите 350cc верзии.

Иако ова не беше најдобро чуваната тајна, сепак денеска и официјално ни стигна потврда дека по завршувањето на сезоната 2018 од Светскиот Супербајк Шампионат ќе заврши и  соработката помеѓу Том Сајкс и Kawasaki Racing.

Уште откако за прв пат беше споменета можноста Triumph да биде снабдувач со мотори во Moto2 шампионатот, почнаа да се појавуваат шпекулации во однос на тоа каков ќе биде планот на Британската компанија во секторот на спортски мотоцикли.

Ова решение би можело да промени многу од проблемите со кои се соочуваат електричните превозни средства.

Piaggio Beverly, лидерот кај скутерите сега има мотор кој е во согласност со Euro4 стандардот,  променет изглед како и спортски и агресивен пакет.

Новиот Ducati Diavel S spied има нов мотор, рамка, задна вилушка, Öhlins суспензија и подобра електроника

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

Close

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт, Ви благодариме!