Луѓето од „Jennings“ повторно имаат нешто интересно за нас. Овој пат се мото компании кои произведуваат автомобили.

Иако некои од компаниите, меѓу кои Honda и BMW имаат производи и во двата оддели, овој текст е посветен на компаниите кои исклучиво се занимаваат со производство на мотоцикли. Некои од оние кои се опфатени тука биле дел од индустријата на автомобили, но како што ќе видите тоа било многу одамна.

Ducati

Издув кој се наоѓа на средината и остар преден дел. Не ни се допаѓаат премногу ниту предните браници, а и светлата се преголеми. Но и покрај тоа овој автомобил изгледа прекрасно и со задоволство би го испробале на тркачка патека.

ducati kola

Harley-Davidson

Не обрнувајте внимание на бојата на овој модел бидејќи Harley никогаш не би одбрал ваква боја да има некој од нивните автомобили. Сите кои барем еднаш присуствувале на Харли шоу знаат дека најдобра боја е црната, а веднаш по неа следува црвената. Предните браници се одлични, а фантастично одговара и ветробранското стакло.

03 Harley Davidson

Triumph

Не знам дали сте запознаени но во минатото имаше Triumph автомобили и Triumph мотоцикли. Двете беа одделни компании кои сепак ги поврзуваше ист основач. Веќе знаеме како изгледаат Triumph автомобилите, а одбирањето на ваков изглед на автомобилот делува навистина погрешно. Не дека автомобилот не е атрактивен, само не не потсетува на Triumph.

05 Triumph

Aprilia

Од сите слики кои ги видовме досега, моделот на  Aprilia ми делува како најубав. Не знам зошто е одбрана оф роуд верзија со оглед на тоа дека Aprilia е позната по силните тркачки карактеристики.

01 Aprilla

Kawasaki

Треба да знаете дека тимот на Џенингс воопшто не го спомнуваат автомобилот Ламбурџини како своја инспирација иако оваа верзија на Kawasaki многу не потсетува на Sesto Elemento. Јасна ни е врската меѓу суперавтомобилот и супермотоциклот, но сепак сметаме дека изгледот би можел да биде малку подобар.

04 Kawasaki

Vespa

Дали знаевте дека Vespa има направено автомобил? Тоа беше малечок автомобилот создаден од една француска компанија кон крајот на педесетите години на минатиот век. Но сепак дизајнот доаѓа од Piaggio, истата компанија која е одговорна за Vespa скутерите. Исто како и со Triumph, веќе знаеме како изгледа Vespa автомобилот, а тоа не е ова што го гледаме на сликата. Интересен е задниот дел само не знаеме зошто предниот дел наликува на популатната Буба.

06 Vespa

Извор: Motor1.com

Back To Top