Некои славни личности се познати по љубовта кон мотоциклите, како што се Иан МекГрегор и Киану Ривс кој дури има и своја компанија за мотоцикли.

Многумина од нив уживаат во анонимноста која доаѓа со возењето мотоцикл но сепак од време на време некои фотографи успеваат да направат слики од нив како возат.

Affleck Beckham

За време на викендов, Бен Афлек беше забележан како вози со својот BMW S1000RR низ Лос Анџелес . Актерот Том Круз исто така е љубител на мотоцикли, а виден е како вози BMW R nineT додека снимаше филм во Франција.

Се чини дека голем дел од ѕвездите во Холивуд уживаат во светот на две тркала.  Главниот лик на филмот „Deadpool“, Рајан Рејнолдс дури има и специјално за него направен Triumph Thruxton.

Back To Top